Продолжуваат масовните вработувања во државните институции. 160 нови вработувања во Царинската управа за неполни три месеци.
СДСМ додека беше опозиција постојано обвинуваше за партиски вработувања и гломазност на администрацијата и останатите институции. Ветуваа редуцирање на вработените и целосна департизација, но откако дојдоа на власт го работат токму спротивното.