Банкарство 09.01.2019 23:54

Продор: Халк банка купи осигурителна компанија

Продор: Халк банка купи осигурителна компанија

Акциите на Нова Осигурување АД Скопје се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок трансакции, објави Македонската берза.  Во двата блока практично е продаден целиот капитал на осигурителната компанија, што значи дека купувачот сега поседува 100 отсто од Нова осигурување АД. Според нашите информации, кои неофицијано и се потврдени, купувач е Халк банка.

Во првата блок трансација се продадоа 315.000 обични акции, кои сочинуваат 90 отсто од основната главнина. Овие акции чија номинална вредност е 10 евра за акција се продадоа по 587,96 денари за акција или вредноста на оваа трансакција изнесува 185.207.400 денари (3 милиони евра)

Во втората трансакција предмет на продажба беа 35.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција, а кои претставуваат 10 отсто од основната главнина. Овој пакет се продаде за 12.297.950 денари (200 илјади евра) или се постигна цена од 351,37 денари за акција.