Живот 13.11.2018 19:30

Проект за згрижување на кучињата скитници во Кичево

Проект за згрижување на кучињата скитници во Кичево

Здружението  „Грифон КИЧЕВО“,започна акција за развој и заштита на бездомни животни (невладина граѓанска организација) кој е за цел да ги ЗГРИЖИ и да СЕ ГРИЖИ за оваа ранлива група на животни.

Започнале  со изградба на стационар кој се наоѓа во с. Бигор Доленци, Кичево (стара Кожара) и е постоечки објект во руинирана состојба, а кој со наша, но и Ваша помош, може да премине во удобно катче што ќе биде дом првично за околу 150 бездомни кучиња.

Во процесот за доизградба на стационарот се потребни многу поголеми парични средства, а најголемата улога на овој објект ќе биде стационирање на многуте бездомни кучиња кои ги има во нивниот град и чија бројка изнесува дури 180. Општина Кичево веќе обезбеди стерилизација, кастрација и вакцинација и планот на нашата организација е оваа постапка таму да биде довршена. Со тоа многу од постоечките болести кои се шират од бездомните кучиња ќе бидат решени, како што се шугата, вошките и жолтицата.

Најважното од целиот овој проект е што кучињата ќе бидат тргнати од улица, ќе бидат нахранети и згрижени во топли простории.

Затоа, потребна име е помош на кучињата, Вашата ПАРИЧНА ДОНАЦИЈА на жиро сметка 210-0729266001-17, НЛБ банка или со оставање пари во кутиите сместени во Петшопот и хотел за животни „Нест“ и во кафулето Барфлај (двете лоцирани кај поштата во Центарот на Кичево).
Покрај за помагање на доизградба на стационарот, средствата ќе бидат потребни и за континуирано снабдување со храна за згрижените кучиња, вакцинација, лекување, подобрување на условите за живот и зголемување на капацитетот за згрижени животни.

Исто така, донациите може да бидат и во вид на храна за кучиња, стари ќебиња, јоргани и перници кои се надвор од употреба.

За сите информации може да ги контактирате на телефонот 075963424 и ќе се договорите  за доставата на средствата.  Здружението  се наоѓа на ул. Јанко Михајловски, бр. 2а и отворени се  за секаква сугестија, помош, идеја.
https://www.facebook.com/groups/grifon.kicevo/