Економија 27.04.2018 10:15

Проектот на Путин подготвен за пат, Кримскиот мост е завршен

Проектот на Путин подготвен за пат, Кримскиот мост е завршен

Долж целиот Кримски мост е поставен асфалт, остана само уште да се постави звучната изолација и да се исцрта
хоризонтална сигнализација.

Тоа го изјави Леонид Рижењкин, директор на градежната компанија „Строгазмонтаж“ која го
гради мостот.
Градежниците напоредно ги извршуваат сите неопходни испитувања на мостот, а се
поставуваат и системи за мониторинг, за да се следи експлоатацијата на мостот, изјави
Рижењкин.
Тој наведе дека и мостот ќе биде отворен за сообраќај во мај, иако нема да бидат готови сите
пристапни патишта, возачите ќе можат од полуостровот да се префрлат на копно.
Потсетуваме, мостот со кои полуостровот Крим ќе се спои со Краснодарскиот крај, долг е 19
километри и ќе биде најдолгиот мост во Руската Федерација.
Иако планот беше мостот да биде затворен за сообраќај до декември 2018 година, по се
изгледа првите автомобили ќе сообраќаат веќе во мај.