На професорот му е јасно зошто кандидатката Силјановска е толку многу напаѓана од дел од медиумите и политичарите од власта.
Митревски смета дека со својот капацитет Силјановска може да го урне митот дека само политичарите имаат право да ја водат Македонија во подобра иднина.
“Силјановска е последна шанса Македонија да стане правна држава”, вели во своето обраќање до јавноста професорот Драги Митревски кој соработува со низа светски и регионални научни и образовни институции.