Актуелно 13.02.2021 18:32

ПРОФЕСОРОТ ОТКРИВА: Ова е причината зошто е потребен висок процент Албанци на пописот

ПРОФЕСОРОТ ОТКРИВА: Ова е причината зошто е потребен висок процент Албанци на пописот

ЧИЧИКОВЦИ Некои сметаат дека целта на пописот е да се постигне што поголем процент на албанско население за да се овозможи и албанскиот јазик да стане службен јазик во Државата. Други (со право!) укажуваат дека тоа е непотребно, бидејќи и со сегашниот Устав тој е, покрај македонскиот јазик, втор службен јазик во Република Македонија.

Меѓутоа, изумуваат (ако изумуваат) да кажат дека висок процент на албанското население е потребен и за друга намера/цел. Тоа е кантонизација/федерализација на Државата, идеја која не е само нечие фантазмагорично вообразување, туку реален процес, кој секојдневно се одвива пред очите на македонската јавност. Практичното постоење на пралелизам/двовластие, како на политички, така и на економски план (меѓутоа и на многу други планови) оди во прилог на тезата дека е можна етничка федерализација на Република Македонија, како чекор кон нејзино згаснување.

Во меѓувреме, низ Македонија и нејзините медиуми дефилираат секакви (најчесто никакви) патувачки чичиковци, морални и материјални мешетари, кои се однесуваат како околу себе да имаат само малоумници, на кои може сѐ да им се продаде/шитне. Патем, Чичиков е главниот лик на романот/поема „Мртви души“ од писателот Гогољ. Не е на одмет да се препрочита, т.е. да се прочита (ако не било прочитано) делото на Гогољ. Има што да се научи од него – не само за мртвите души, туку и за моралните и интелектуални мешетари/накази.