И покрај бројните скандали што годинава го “размрдаа“ технолошкиот гигант, Facebook успеа да оствари рекордни 6,9 милијарди профит во последните три месеци од 2018 година., пишува CNN.
Бројката е поголема за 61% од истиот период лани и многу подобра од проценките на Wall Street. Приходите на Facebook за изминатиот квартал се за 30% поголеми и достигнаа бројка од 16,9 милијарди долари. Социјалната мрежа има 1,52 милијарди следбеници кои ја користат истата секој ден и 2,32 милијарди кои ја користат еднаш месечно, што е за 9% зголемување од минатата година.
Според проценките на компанијата, 2,7 милијарди луѓе ги користат Instagram, WhatsApp, Messenger или Facebook еднаш во месецот, а две милијарди корисници користат барем една од овие услуги секој ден.