Според статистиката, земјите на ЕУ во 2023 година произвеле 32,5 милијарди литри пиво со алкохол и 1,8 милијарди литри пиво со 0,5 отсто алкохол или целосно без алкохол, пренесува Кликс.
Споредено со 2022 година, производството на пиво кое содржи алкохол е намалено за пет отсто, додека кај безалкохолното пиво е забележан раст од 13,5 отсто во однос на 2022 година.
Што се однесува до производството на пиво, Германија исто така постигна најдобри резултати во 2023 година и произведе вкупно 7,2 милијарди литри пиво, што претставува 22,3 отсто од вкупното производство во Европската унија.
Втора на листата е Шпанија, која произведе четири милијарди литри пиво, што е 12,4 отсто од вкупното производство на ЕУ.
Полска беше на трето место со 3,5 милијарди литри произведено пиво, а Холандија на четврто со 2,4 милијарди литри производство.
Петтото место го зазеде Белгија со производство на две милијарди литри пиво, шт е 6,3 отсто од вкупното производство на ЕУ.
Кога станува збор за извозот, трговските податоци покажуваат дека Холандија продолжила да го води овој сектор и во 2023 година. Оваа земја извезла вкупно 1,8 милијарди литри пиво, а потоа следат Германија и Белгија, Чешка и Ирска.
Во однос на увозот, Франција сè уште беше најголемиот увозник на пиво што содржи алкохол во 2023 година, со 900 милиони литри, што претставува 17,1 отсто од вкупниот увоз на ЕУ (внатре и надвор од ЕУ). Други големи увозници беа Италија со повеќе од 700 милиони литри и Шпанија, Холандија и Германија со речиси 600 милиони литри.