Актуелно 27.05.2024 08:58

Производителите на домати ќе ја блокираат Струмица

Производителите на домати ќе ја блокираат Струмица

За денес е најавен протест во Струмица на производителите на раноградинарски земјоделски производи кои се незадоволни од откупните цени на зеленчукот.

Почна бербата на доматите под пластеници, а најавената откупна цена не може да ги покрие ни трошоците на производство, велат земјоделците.

Производителите од Просениково порачаа надлежното министерство да најде начин да им помогне, бидејќи ситуацијата е сериозна, а самите немаат решение за подобар пласман.

Минатата недела протестираа и жителите на Иловица и Штука кои се незадоцолни од откупната цена на младиот компир. Годинава лошо мина и откупот на зелката, производителите велат дека околу 30 прценти од производството останало во нивите.