Германската компаинја Бејерсдорф, која стои зад производите Нивеа, најави стратегиско партнерство со кинеската компанија НетИз Каола, специјализирана во електронска трговија.
– Во соработка со НетИз Каола ние ќе можеме да го зголемиме нашето присуство на важниот кинески пазар и да ги доставуваме нашите производи до локалните потрошувачи, изјави Ралф Гуско од Бејерсдорф.
Оваа компанија веќе соработува со Алибаба и другите големи кинески електронски трговци, како што е компанијата Џеј Ди.