Живот 15.05.2018 12:33

Производителот на Нивеа склучи партнерство за електронска трговија во Кина

Производителот на Нивеа склучи партнерство за електронска трговија во Кина

Германската компаинја Бејерсдорф, која стои зад производите Нивеа, најави стратегиско партнерство со кинеската компанија НетИз Каола, специјализирана во електронска трговија.

– Во соработка со НетИз Каола ние ќе можеме да го зголемиме нашето присуство на важниот кинески пазар и да ги доставуваме нашите производи до локалните потрошувачи, изјави Ралф Гуско од Бејерсдорф.

Оваа компанија веќе соработува со Алибаба и другите големи кинески електронски трговци, како што е компанијата Џеј Ди.