Економија 03.05.2018 10:17

Пролонгиран рокот за поднесување барања за субвенции до 12 јуни

Пролонгиран рокот за поднесување барања за субвенции до 12 јуни

Рокот за поднесување барања за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12 јуни 2018 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

За таа цел, во координација со Платежната агенција, МЗШВ ќе изврши измени на Уредбата за директни плаќања 2018 што треба да се донесе на седница на Влада.

Според МЗШВ, пролонгирањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплата на субвенциите.

Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно, од страна на барателите. Доколку имаат потреба за помош при пополнување на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство. На веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со апликациите.