Живот 10.11.2018 13:39

Промоција на романот ,,11:11 Души близнаци” од Весна Здравковска Трајковска

Промоција на романот ,,11:11 Души близнаци” од Весна Здравковска Трајковска

На 11ти 11ти во 11 часот и 11 минути ќе биде промовиран романот,,11:11 Души близнаци” од авторот Весна Здравковска Трајковска.
Настанот е организиран во Porta Jazz , Битола.
Повелете на едно романтично патување низ вековите и милениумите на две души близнаци кои што се среќаваат од реинкарнација во реинкарнација, од живот во живот.
Бидете сведок на вистината за една праисконска љубов, доловена преку убавиот пишан збор на авторот  Весна Трајковска Здравковска.
Со вас понесете љубов и пријател и уживајте во една убава есенска романтична недела.

Романот „Души близнаци 11:11“  на авторот Весна Здравковска Трајковска е дело што носи длабока и силна порака, а таа е –  Душата никогаш нема да се смири сè додека не ја најде својата втора половина. Идејата за реинкарнација и за претходни животи што постои со векови, во ова дело успешно е претставена и преку многу докази и научни метафизички факти што го прави овој роман посебен и единствен со темата што ја обработува.      Човечкиот живот, не завршува со неговата телесна смрт, туку тој е патување на душата низ вековите, преселувајќи се од тело во тело.
Авторот ги води животите на еден пар – души близнаци, од реинкарнација во реинкарнација. Претставени се пет нивни животи, почнувајќи од 17 ти век, 18 ти, крајот на 19 ти, почетокот на 21 ви и во иднината,  во 23 от  век.
Една иста душа се сели од живот во живот и ги живеее земните животи и искуства преку животите на Амелија, Лијана, Викторијана, Гордијана и Леона.
Една иста душа, душата близнак, исто така се сели од живот во живот и ги живее земните животи и искуства преку животите на Леон, Алексеј, Илијан, Анел и Рубин.
Освен времето во кое што живеат, различни се и државите: Италија,  Франција,  Русија, Македонија и  планетата Земја. Тие среќавајќи се од живот во живот и препознавајќи се, ги доживуваат најсилните емотивни моменти, кои што  како што тврди авторот,  може да се доживеат само со близначката душа, но и најголемите душевни страдања. Нивната љубов е праисконска и дадена од Бог, но тие фрлени во виорот на живот, се соочуваат со различни предизвици, искушенија, забрани и морални норми и поради тоа во три Земски   животи нивната љубов не може да се реализира докрај.
Овој роман е и бунт и револт заради женската судбина на Земјата низ човечката историјата, заради нејзината потчинетост, измачување, почнувајќи од времето на инквизицијата, преку ловот на вештерки, па сè до денешното современо, но сè уште патријархално општество. Човечкото општество наместо да ги развива сопствените вродени природни дарби, таленти и вештини дадени од Бога, се ориентирало кон лажни вредности и на тој начин  самото ја создало својата судбина, карма…
Низ целиот роман провејува гневот заради потиснувањето на женската природа, нејзината креативност, интелект, добрина и благородност, со што се забавил еволутивниот развој на човештвото. Разните патријархални општества, газејќи ја исконската света женска природа, како што вели авторот, го доведоа светот на луѓето во ваква положба во каква што е, односно светот платил за направените неправди кон жената и сè уште ќе  плаќа.
Во романот претставени се и општествените уредувања на државите низ вековите како и нивниот менталитет, еволутивниот развој на свеста на човештвото, но и застранувањето на човечкото општество кое што наместо да ги развива сопствените вродени природни дарби, таленти и вештини дадени од Бога, тоа се ориентирало кон лажни вредности и на тој начин  самото ја создало својата судбина, карма…
Идејата за реинкарнација и за претходни животи што постои со векови, во ова дело успешно е претставена и преку многу докази и научни метафизичи факти. Преселувајќи се од тело во тело  во душата остануваат сеќавањата на своите претходни животи, иако умот не го памети тоа. А во секој нареден продолжува оттаму од каде што застанала со нејзиниот духовен развој, од претходниот живот. Во секој нареден таа открива нови животни искуства, учи нови лекции и со тоа доживува еволутивен развој и духовно просветлување што е и крајната цел – човекот да се спознае самиот себе си и својата Божја природа и да се приближе кон Бог.