Економија 14.05.2018 10:19

Промовиран ЕУ проектот „Компаративна предност за поголема конкурентност“

Промовиран ЕУ проектот „Компаративна предност за поголема конкурентност“

Соработка на приватниот сектор, пред се на микро, малите и средните претпријатија со релевантните
претставници од универзитетите, со цел да се зголеми конкурентноста е целта на проектот на ЕУ
„Компоративна предност за поголема конкурентност„ на ЕУ кој беше промовиран денеска во Велес.

Го спроведуваат ЦФСД при Министерството за финансии и Фондацијата за развој на мали и средни
претпријатија од Куманово, во партнерство со Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија од
Велес и ќе трае 24 месеци.
Димитар Ташевски, директор на Фондацијата за мали и средни претпријатија од Куманово, рече дека се
предвидени конкретни мерки кои го унапредуваат поттикнувањето иновации, истражување и развој, како и
надградба на технолошките процеси на мали и средни претпријатија (МСП).
– Исто така, ќе бидат имплементирани и мерки за развој на капацитетите на МСП, за соработка и градење
силни врски со јавните институции и образовните институции во земјата, преку воспоставување заедничка
платформа, како на пример иновативен центар, развој на конкретни проекти, програми за обука и мерки за
зајакнување на иновативните капацитети на домашните МСП, појасни Ташевски.
Тој потенцира дека нивото на обука на МСП, локалните власти и институции е доста важно, бидејќи тие
можат значително да го олеснат воспоставувањето соработка.
Анита Самарџиева, директор на Фондацијата за мали и средни претпријатија од Велес, истакна дека
воспоставениот Виртуелен иновативен центар ќе стане партнер на МСП-мали и средни претпријатија во
унапредувањето на економскиот просперитет на целните региони и ќе овозможи трансфер на знаење и
технологија.
– Центарот ќе ја поддржи културата на претприемништво, за трансформирање на иновациските идеи во
успешен профитен проект на претпријатијата, а ќе обезбеди и образовни и вмрежувачки можности за МСП,
за да ја развијат и да ја демонстрираат комерцијалната вредност на нивните пронајдоци.