Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.
Во однос на претходниот месец, поточно во споредба со март 2024 година има зголемување. Имено во март просечната плата по вработен била 40.496 денари. Додека пак во февруари 39.276 денари, а јануари 39.542 денари.
Споредено со истиот месец минатата гди, Државниот завод за статистика пресметал дека има раст, и притоа „индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7“.
– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство 18,6 проценти и Информации и комуникации 18 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјдлтво, шумарство и рибарство 6,3 отсто, Информации и комуникации 5,7 проценти и Транспорт и складирање 4,9 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС.