Актуелно 06.11.2018 15:28

ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДА: Вработени во ОХИС протестираат пред владата, си ги бараат платите!

ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДА: Вработени во ОХИС протестираат пред владата, си ги бараат платите!

Поранешни вработени во ОХИС денеска протестираат пред Владата и бараат линеарна исплата на заостанатите 24 плати.

Како што велат, имаат добиено судска одлука за исплата на осум плати со камата, како и за исплата на 16 заостанати плати без камата, а добиле решение за авансна исплата на платите во износ од еден до 32 отсто од вредноста што им се должи во зависност од кој ДОЕЛ се.

Посочуваат дека се поранешни работници- технолошки вишок и нагласуваат заостанатите плати им се за периодот од 2003 година, а, како што велат, им било ветено дека ќе им бидат целосно исплатени по продажбата на ОХИС за која се земемени 7,1 милион евра, од кои им биле ветени 5,1 милион евра дека ќе бидат наменети за исплата на заостанатите плати.

Во моментов сообраќајната лента непосредно пред Владата е затворена за сообраќај и полиција го пренасочува сообраќајот, додека на другата сообраќајна лента сообраќајот се одвива нормално.