Актуелно 01.11.2019 17:51

„Прво што ќе го направам како премиер, ќе ги намалам даноците и ќе се откажам од привилегиите“

„Прво што ќе го направам како премиер, ќе ги намалам даноците и ќе се откажам од привилегиите“

Како претседател на владата на Македонија првата  работа што ќе ја направам е да се откажам од многу привилегии којшто како премиери ги има, можам и таксативно да ви ги набројам, а во делот од економијата прво што ќе направиме ќе го вратиме рамниот данок. Тоа е она што ќе го направиме првата година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“.

Во своето интервју Мицоски запрашан дали размислувал да се намали бројот на вицепремиери и да има еден вицепремиер, тој одговори:

–Постои внатрепартиска дебата посебно во делот на вицепремиер за економски прашања бидејќи некако таа позиција кумулира голема моќ, а во суштина без никакви одговорности. Најчесто се прават експериментални политики коишто немаат никаков резултат, а на сметка на тоа министерството за економија да добие поголема тежина, па дури одиме до таму во иднина да тоа се подели на две помали министерства: министерство коешто ќе третира прашања од областа на минералните  суровини и енергетиката, а другото да  биде министерство за трговија, индустрија и раст. Тие две министерства да бидат практично замена на сегашните позиции  вицепремиер за економски прашања и министерството за економија.