Актуелно 08.11.2018 18:36

ПТИЦИ ПАЃААТ ВО НЕСВЕСТ ОД ЗАГАДУВАЊЕТО: Воздух или отров, што дишат граѓаните?

ПТИЦИ ПАЃААТ ВО НЕСВЕСТ ОД ЗАГАДУВАЊЕТО: Воздух или отров, што дишат граѓаните?

Последиците од загадувањето на воздух се катастрофални по здравјето на граѓаните, Светската здравствена организација во последниот извештај прикажа дека не се 1350 луѓе директни жртви на загадувањето во Македонија, туку, бројката е повеќе од двојно поголема, односно околу 3000. Смртноста во Македонија е повеќе од двојно повисока од европскиот просек, кој е 60 прерани смртни случаи годишно на 100.000 жители. Во Македонија на 100.000 умираат 125 луѓе, говорат податоците од Светската здравствена организација.

Ако овие податоци не се доволно застрашувачки за надлежните власти да превземат нешто, граѓаните на социјалните мрежи започнаа да објавуваат и фотографии од птици кои паѓаат во несвест поради загадениот воздух.  Фотографијата е направена кај мостот Обединети Нации од голуб кој лежи среде улица во несвест како резултат на преголемото загадување на воздухот.

„Дишеме отров секоја зима. Ќе ставиме крај на градежното дивеење низ градот. Ќе го направиме Скопје онака како што доликува. Нема повеќе да има градежна дозвола, ако не се засадат пет дрва за секој стан.“

Вака говореше Петре Шилегов пред да биде избран за градоначалник. Една година потоа, скопјани сè уште дишат отров, а ниту еден од инвеститорите заслужни за зградите што никнуваат на секој чекор во главниот град, нема засадено по 5 дрвја за стан.