Актуелно 20.12.2018 21:02

Пукање во Чаир, повреден функционер на ДУИ

Пукање во Чаир, повреден функционер на ДУИ

Според првичните информации на полицијата вооружениот напад се случил околу 17:45 часот на улицата „Лазо Трповски“ при што било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.

Неофицијално, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н..

Повредениот В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, но повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.

Телма телевизија објави дека повредениот е Ваљон Беља од ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.