Економија 12.04.2018 01:27

Пукна „меурот“ на Bitcoin

Пукна „меурот“ на Bitcoin

Истражувачки тим на Bank of America Merrill Lynch тврди дека напумпаниот меур на биткоинот веќе пукнал, односно по достигнувањето на рекордната историска вредност од речиси 20 илјади долари сега ќе се тргува по многу пониска цена која тешко е дека ќе биде надмината.

Токму затоа голем број на инвеститори кои вложија стотици милиони долари ширум светот пумпајќи ја вредноста на биткоинот на рекордно ниво сега ќе немаат начин како да си ги вратат вложените средства.

Во анализата на Bank of America Merrill Lynch биткоинот се споредува со сите досегашни големи финансиски меури кои предизвикале хистерично инвестирање во средства за потоа да се спуштат на многу пониски вредности како на пример Њујоршката берза по Економската голема депресија во 1929 година и други комодитети.

Биткоинот секако е сосема различна појава од било кој досегашен финансиски инструмент и неговото развивање ќе зависи како од самата технологија, од регулацијата на државните институции и расположеноста на пазарот, но до некој следен огромен скок најверојатно ќе треба да се почека и да се прифати сегашната цена која е поставена нешто под 7000 долари како нова норма.