Актуелно 23.08.2023 08:52

Пуштање во употреба на фотоволтаична централа во градинката „Пепелашка“ во Општина Центар

Пуштање во употреба на фотоволтаична централа во градинката „Пепелашка“ во Општина Центар

Фотоволтаична централа за потребите на градинката „Пепелашка“ во општина Центар, денеска ќе биде пуштена во употреба.

Настанот ќе се одржи во кругот на градинката, а обраќање ќе имаат и главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Фотоволтаичната централа е донација на компанијата ОКТА АД Скопје.