Мозаик 28.03.2021 17:16

Путин објасни зошто не ја прими вакцината пред камера

Путин објасни зошто не ја прими вакцината пред камера

Рускиот претседател Владимир Путин, открил зошто не сакал да се фотографира и да се снима во миговите кога ја примил вакцината, како што тоа го прават сите светски лидери.

Вакцината која ја примил Путин, со денови предизвикува внимание, и тој конечно се огласи.

„Зарем треба да го работам она што некој друг некаде го прави? Не би рекол“, изјави Путин.

Потоа даде и целосен одговор:

„Впрочем, ако такво нешто сака да се фалсификува, некого да се излаже, тоа не е тешко да се направи. Можеме да покажеме една инјекција, а да се стави друга, физиолошки раствор или било што… сок од портокал. Се шегувам нормално. Но тоа не е сериозно, по мое мислење“, рече Путин.

Рускиот претседател објасни дали после вакцината имал некакви несакани дејства.

„Првите пет часа ништо, а потоа кога ја подигнав раката каде што ја примив вакцината… не можам да кажам дека чувствував болка, но само мала непријатност“, рече Путин кој истакна дека ги замолил сите да не кажуваат која вакцина ја добил.