Мозаик 30.05.2018 13:39

Работете го тоа што навистина го сакате за поголем успех

Работете го тоа што навистина го сакате за поголем успех

Вашите предности се клучот на вашиот успех. „Кога ги правиме работите во кои сме добри, способноста на нашиот бизнис е побрза”, вели Тод Кашдан, професор по психологија на Универзитетот Џорџ Мејсон и автор на „Curious?“

Кога станува збор за најдобриот начин да се потпрете на вашите способности, најдобро е тоа да го направите преку вашите предности, вели тој.

Користејќи ги следните четири совети, може да се научи како да се препознаат вашите основни предности, еве како:

1. Препознајте ги знаците на возбуда. Кога ќе се вклучите во некоја активност во која сте навистина добар, вашата возбуда е видлива. Зениците и градите се шират, говорот е брз и течен, вашите раце се отвараат широко. „Можете да видите некој кој се чувствува жив и мотивиран кога ја користи внатрешната сила”, вели Кашдан.

Прашајте го најблискиот ментор кога реагирате најенергично, или набљудувајте се себеси еден ден. Кога се чувствувате најмногу ангажирани? Кога имате повеќе енергија? „Кога луѓето ги користат своите предности, тие одеднаш се појавуваат од позадината”, вели Кашдан.

2. Оттргнете се од работната позиција. За да ги откриете вашите дарби, мора да истражувате нови улоги. „Мислете на вашата компанија како на лабораторија”, вели Кашдан. Поттикнете ги флексибилните улоги и видете како ќе ви оди.

„Ако сте возбудени со пробувањето на нешто ново, и имате докази дека тиоа би можела да биде добро, тогаш експериментирајте со тоа,” вели тој.

3. Забележете по што се разликувате од останатите. Во ситуациите каде што навистина ги користите вашите предности, вие ќе се издвоите од толпата. Вашиот пристап ќе биде уникатен. За да ги именувате вашите предности, ќе сакате да ги идентификувате тие моменти и да ги изразите како различни. Тоа се вашите предности.

4. Опишете ги вашите предности креативно. Кога ги именувате вашите силни страни треба да се избегне она што Кашдан го нарекува „wastebasket terms,” што значи да се избегне претерано користење на зборови како „страстен” или „посветен”. Наместо тоа, излезете со монотониот термин кој ги доловува вашите вештини и истакнете се се збор кој ве опишува комплетно.

„Oткако ќе искористите одреден збор за вашите јаки страни, тој станува многу повеќе вграден во вашиот секојдневен живот”, вели тој.