Актуелно 21.07.2019 15:08

Рација во Охрид: Запленети возила, глисери, мотори и скутери поврзани со случајот „Рекет“

Рација во Охрид: Запленети возила, глисери, мотори и скутери поврзани со случајот „Рекет“

По барање на Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција во Охрид запленети се подвижни предмети поврзани со случајот „Рекет“ за кој се притворени Бојан Јовановски-Боки13 и Зоран Милевски-Кичец, јави порталот OhridSky.

Порталот пишува дека по добиен налог од Судија на претходна постапка , МВРО во Охрид одземало, луксузни џипови , чија вредност изнесува околу 500.000 евра,мотори, квадрицикли, брзински мотори, скутери за на Вода и луксузен пловен објект – глисер „Бомбардер“. Според редакцијата Ohridsky сите биле во сопственост на Зоран Милевски-Кичеец и на неговите фиирми.

Според проценките, вредноста на запленетите подвижни предмети изнесува над 1.000.000 евра.

Порталот дознава дека Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција најверојатно ќе бара замрзнување и оддземање на поголем движен имот на Зоран Милевски -Кичеец на атрактивни локации во Охрид, а се проценува на над два милиони евра.