На официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас од страна на Министерството за одбрана . Имено, во огласот Министерството за добрана планира да потроши 1,129.661 денари за канцелариски мебел.

Така во огласот во делот на Назив на договорниот орган стои Министерство за одбрана – сектор за логистика додека во делот предмет на договорот за јавна набавка стои канцелариски мебел и кујнска опрема . Подолу во огласот е сумата која е предвидена да се потроши односно проценета вредност без ДДВ во износ од 1.129.661,01 денари.
Расипништвото на институциите не престанува. Ова не е прв пат да Министерството за одбрана троши огромни суми на пари за луксузирање додека за основните потреби за функционирање и подобрување на работењето на оваа институција нема пари.