Актуелно 12.06.2019 15:02

Распад во владата: Спасовски и Десковска јавно се скараа на ТВ емисија

Распад во владата: Спасовски и Десковска јавно се скараа на ТВ емисија

Во емисијата „Отворено на 24“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека сите истражни дејства во врска со бегството за Никола Груевски коишто биле посочени да бидат превземени од страна на МВР, да се обезбедат материјали, изјави, докази, биле доставени до Јавното обвинителство за организирн криминал.

-Сето тоа покажува еден недостаток на целиот тој систем зошто се случи бегството на Груевски. И тоа е многу важно за периодот кој следи, период на реформи и во правосудството и во обвинителството. Сето тоа заедно да го консолидира тој систем за да не може да се случуваат вакви работи. Системот мора да се конслодира, мора и обвинителството и судството да ги ценат доказите односно околностите при одредување или неодредување на мерката којашто треба да биде одредена. Во тој момент ниту една мерка немаше одредено за Груевски за да може да биде следен, задржан во притвор, истакна Спасовски.

Имено тој посочи дека СЈО не побарало мерка притвор за случајот Груевски и дека постојат многу аргументи и факти зошто треба да се консолидира системот. Системот ќе се консолидира во оној момент кога ќе се видат одговорност на судии, одговорност на обвнители.

На сето ова министерката за правда Рената Дескоска призна дека станува збор за состојбите кои се негативни, се дел во судскиот совет и имаа надлежност со закон да си ги средат.

-Но, исто така ако МВР забележи дека одредени судии, одредени обвинители направиле кривични дела бидејќи некогаш непостапувањето е кривично дело, некогаш постапувањето заради криминални мотиви е кривично дело тогаш треба да бидат покренети кривични пријави против судии, обвинители, додаде Дескоска.