Се повеќе леб и компир, се помалку месо и риба. Вака изгледа трпезата во Македонија. Ова го потврдуваат податоците на Државната статистика според кои секоја година расте потрошувачката на житарките и тестенините за сметка на другите, поскапи прехранбени производи. Граѓаните се жалат дека се потешко ги полнат корпите во маркетите.
Според Државниот завод за статистика трошоците за живот пораснале за 1.5%, а цените на мало за 2.6% за една година.
Овој во споредба со претходниот септември храната и пијалаците биле поскапи за 0.4%, алкохолот и цигарите за 5.0%, облеката и обувките за 0.7%. Раст на цените има и кај транспортот и тоа за дури 8.1%, комуникациите за 1.0%, како и за здравје, рекреација, мебел. Намалување има единствено кај комуналиите од 0.1% и кај образованието од 0.3%.
Животниот стандард може да се зголеми единствено со реален раст на економијата, но ММФ во најновиот извештај ја преполови проекцијата од 3.2 на 1.6 проценти и ја смести земјава на последното место во регионот. Претходно и Светската Банка ги спушти очекувањата на 2.5%.