Економија 13.12.2023 10:50

Раст на Волстрит по извештајот за инфлацијата во САД

Раст на Волстрит по извештајот за инфлацијата во САД

На Волстрит, берзанските индекси пораснаа четврти ден по ред во вторникот, откако извештајот за потрошувачките цени покажа дека американската инфлација во ноември е во согласност со очекувањата.

Индексот Dow Jones зајакна 0,48 отсто, на 36.577 поени, додека S&P 500 порасна за 0,46 отсто, на 4.643 поени, а Nasdaq индексот зајакна 0,70 отсто, на 14.533 поени.

Сите три индекса годинава ги достигнаа своите највисоки нивоа, откако извештајот покажа дека инфлацијата се движи во согласност со очекувањата, иако не забележала значително попуштање во однос на претходниот месец.

Потрошувачките цени во ноември пораснале за 0,1 отсто во однос на октомври, додека на годишна основа се повисоки за 3,1 отсто. Но, базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, била 4 отсто, што е сепак значително повисока од целното ниво на американската централна банка Federal Reserve (Fed) од 2 отсто.

Овие податоци го зајакнаа уверувањето на инвеститорите дека челниците на американската централна банка нема дополнително да ги зголемуваат каматните стапки на овонеделната сесија. Сепак, оптимизмот во однос на првото намалување на каматните стапки во следната година донекаде е намален.

Пред овие податоци, пазарот на пари проценуваше дека има околу 50 отсто шанси Fed да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март, додека сега тие шанси се намалени на 43 отсто. Исто така, сега има околу 78 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки во мај, од 75 отсто пред објавувањето на извештајот за инфлацијата.

Сепак, тоа ќе зависи од трендот на инфлацијата и економијата во наредните месеци. Во среда ќе биде објавен ноемврискиот извештај за цените на производителите, кој ќе покаже дали во наредните месеци ќе се зајакнат инфлациторните притисоци од преработувачкиот сектор.

Инвеститорите ќе бидат фокусирани во средата и на најавите од последниот состанок на Fed оваа година, како и на пораките на шефот на централната банка за инфлацијата, каматните стапки и економијата.

И на европските берзи цените на акциите вчера благо паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,03 отсто, на 7.542 поени, додека франкфуртски DAX ослабе 0,02 отсто, на 16.791 поен, а париски CAC 0,11 отсто, на 7.543 поени.

()