Економија 20.03.2024 09:33

Раст на Волстрит пред пораката на Fed

Раст на Волстрит пред пораката на Fed

На њујоршки Волстрит, берзанските индекси пораснаа во вторникот, втор ден со ред, но се тргуваше претпазливо пред одлуките и пораките на американската централна банка Federal Reserve (Fed).

Индексот Dow Jones зајакна за 0,83 отсто, на 39.110 поени, додека индексот S&P се зголеми за 0,56 отсто, на 5.178 поени, а индексот Nasdaq за 0,39 отсто, на 16.166 поени.

Растот на S&P 500 и Nasdaq индексите е благодарение, меѓу другото, и на растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, на пример, „Nvidia“. Значително пораснаа и цените на акциите во нафтениот сектор, за повеќе од 1 процент во просек, бидејќи пораснаа цените на „црното злато“.

Меѓутоа, потпросечниот обем на тргувањето покажува дека инвеститорите се претпазливи, бидејќи дводневниот состанок на челниците на американската централна банка започнува во вторник. Се очекува Fed да ги остави каматните стапки непроменети, а инвеститорите најмногу ги интересира што ќе каже претседателот на централната банка, Џером Пауел, на прес-конференцијата по состанокот во средата.

Бидејќи инфлацијата остана покачена во последните два месеца, сè помалку е веројатно дека Fed ќе ги намали каматните стапки во првата половина од годината. На пазарот на пари се проценува дека изгледите за намалување на каматните стапки во јуни паднаа на помалку од 60 отсто, додека пред една недела беа околу 70 отсто. Сѐ повеќе аналитичари веруваат дека поради зголемената инфлација, Fed годинава ќе ги намали каматните стапки само трипати за по 0,25 процентни поени, додека неодамна очекуваа пет или дури шест намалувања.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,20 отсто, на 7.738 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,31 отсто, на 17.987 поени, а париски CAC 0,65 отсто, на 8.201 поен. ()