Банкарство 10.07.2023 13:56

Растат официјалните девизни резерви – во хартии од вредност пласирани 65,9 проценти

Растат официјалните девизни резерви – во хартии од вредност пласирани 65,9 проценти

Официјалните девизни резерви за еден месец се зголемиле за 15 милиони евра. Со тоа, на крајот од прваата половина од годинава се во износ од 4.189,7 милиони евра, соопшти Народната банка.

Според податоците, најголемиот дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност, односно 65,9 проценти. Потоа следуваат валутите и депозитите со 24,9 и монетарното злато со 9,2 отсто.