Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија и сега се над 71 американски долар, отакако Саудиска Арабија објави дека ќе глобалната понуда би требало да се намали за еден милион барели дневно.
На пазарот во Лондон, цените на барел пораснаа за 1,08 долари во однос на претходното затворање и изнесуваат 71,26 долари.
На американскиот пазар, барели беа тргувани по 74 центи повисока цена, односно по 60,93 долари.
Саудискиот министер за енергија, рече дека глобалното производство треба да се намали за еден милион барели дневно во однос на нивото во октомври со цел повторно да се воспостави рамнотежа на пазарот и да се избегне несакана акумулација на залихите.
Според официјалните податоци, производството на Саудиска Арабија, Русија и Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми во претходните три месеци за 1,05 милиони барели на ден.
Затоа Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе мора да го прилагоди производството, кое изнесува околу 33,3 милиони барели дневно.
Цените на нафтата паднаа во октомври, околу 20 отсто поради брзиот раст на глобалната понуда и заканите за намалување на побарувачката, особено од страна на корисници, како што се Индија, Индонезија и Кина, чии валути ослабеа во однос на доларот и намалување на нивната куповна моќ.
ОПЕК соопшти дека цената на барел од референтната кошница на сурова нафта во петокот изнесуваше 68,89 долари, што значи дека паднала за 1,79 долари во однос на претходниот ден.