Економија 24.10.2023 09:34

РАСТЕ ПРОДАЖБАТА НА МАЛО: Во САД ќе скокне инфлацијата?

РАСТЕ ПРОДАЖБАТА НА МАЛО: Во САД ќе скокне инфлацијата?

Растот на продажбата на мало во САД ќе доведе до повисока инфлација, но и раст на каматните стапки.

Економиите на САД и еврозоната се соочуваат со различни сигнали. Годинава домаќинствата како крајни потрошувачи и јавните инвестиции (фискалната политика) ги штитат економиите од можен пад на економскиот раст. Додека некои сектори укажуваат на раст и стабилност, други веќе покажуваат знаци на забавување. Сепак, се чини дека економската ситуација во САД е подобра отколку во Европа.

Падот на инфлацијата во септември и дефлацијата на енергетските производи, особено во Германија, каде меѓу другото се бележи голем пад на градежната активност, укажуваат на намалување на ценовните притисоци во Европа.

Но, претходно, откако почна војната во Украина, во ЕУ имаше повисока инфлација.