Актуелно 09.02.2024 13:47

Расте вкупниот нето долг, УЈП ја објави најновата Листа на должници

Расте вкупниот нето долг, УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2024 за долгови доспеани до 31.10.2023 и неплатени до 31.01.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.02/2024 објавени се 1872 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3628 физички лица (помалку за 85 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2024 изнесува 10.345.995.706 денари, (повеќе за 242.063.868 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.141.312.568 денари, (повеќе за 220.936.090 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 204.683.138 денари (повеќе за 21.127.778 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука. ()