Британскиот филозоф Џонатан Волф оцени дека подемот на силни лидери и зајакнувањето на национализмот и популизмот се поврзани со распределбата на економскиот просперитет.
„Растот на платите на работниците во последната деценија беше мал, додека богатите станаа уште побогати“, рече тој. Волф истакна дека растот на платите на работниците во Франција, Германија и Британија бил мал, додека приходите на богатите неверојатно се зголемиле во текот на претходната деценија и дека причина за тоа е екстрактивниот капитализам, но и технолошките промени и глобалната трговија“, известува Телефон/Радар.
„На политичарите им беше згодно да ги обвинуваат имигрантите, малцинствата, за оваа сè повидлива разлика“, рече Волф и посочи дека имигрантите со својата работа ѝ помагаат на економијата и дека често работат работи што не ги сакаат Британците.