Економија 30.10.2018 13:30

Развојот на соларни батерии ќе донесе електрична енергија и во руралните области

Развојот на соларни батерии ќе донесе електрична енергија и во руралните области

Истражувачите неодамна усовршија уред за собирање и складирање сончева енергија и се надеваат дека овој уред еден ден ќе донесе електрична енергија во руралните и неразвиените области, пишува The Verge.

Сончевата енергија станува сè попопуларна, но домовите во кои истата се користи секако се поврзани со електричната мрежа бидејќи соларните панели не штедат енергија за подоцна. Проблемот со складирање енергија доведе до бројни креативни решенија.

Во рамки на научниот труд објавен во магазинот „Чем“ научниците кои работат на подобрување на соларните ќелии развиле батерија што функционира на три различни начини.

Тоа може да работи по принципот на стандардна соларна ќелија која веднаш ја претвора сончевата светлина во електрична енергија, но исто така може и да заштеди електрична енергија или, пак, едноставно да се полни како нормална батерија.

Станува збор за комбинација од две веќе постоечки технологии – соларни ќелии кои собираат светлина и т.н. проточни батерии.

Покрај зголемувањето на ефикасноста, тимот на научници има намера да развие и подобар дизајн кој ќе овозможи користење поевтини материјали. Научниците сметаат дека овој пронајдок би можел да има големо влијание врз помалку развиените области кои се без електрична мрежа и соодветна инфраструктура.

Најнови вести