Ако вашето време го трошите непланирано, неорганизирано, на некои неважни и споредни нешта, лесно можете да заборавите со која цел воопшто сте започнале да работите.
Многу работодавци денес се наоѓаат во големи деловни проблеми, кои им ги попречуваат остварувањата на своите бизнис цели, кои се надвор од тековните проблеми. Логично, борбата за опстанок е секојдневна тешка задача, а соништата и целите со текот на времето како целосно да исчезнуваат.
Не е се изгубено
Поставувањето на годишни цели, не е невозможна задача, дури и ако вашиот бизнис се наоѓа во тешка ситуација. Утврдете неколку годишни цели што би сакале да ги постигнете. Со три едноставни правила ќе поставите остварливи и квалитетни цели. Тие не можат значително да го подобрат вашиот бизнис, но ќе направат напредок и ќе ви дадат мотивација.
Креирајте реални цели
Вашите цели треба да бидат остварливи. Земете во предвид дека секоја од вашите цели може да се подели во неколку помали.
Секојдневно работете на своите цели
Целите мора да ви станат навика. Запрашајте се: Што да правам сега, за да ја постигнам својата цел до крајот на годината?
Годишната цел поделете ја на месечни цели
Големата цел, мудро е да ја „раситните“ и поделите на помали целини, кои можете да ги измерите. Тоа се активностите и времето потребно за реализација. Поставувањето на месечни цели е еден од најдобрите методи.
Овие мали совети на прв поглед се едноставни, но кријат голем потенцијал.
Измерете ги вашите месечни цели, анализирајте ги резултатите и бидете упорни. Ако резултатите се добри, наградете се за успешно завршената работа, но не се опуштајте. Затоа е важно работењето на деловните цели да стане секојдневна навика.