Финансии 02.11.2018 15:57

Red Dead Redemption 2 во тридневната продажба, на студиото „Рокстар“ му донесе заработка од 725 милиони долари

Red Dead Redemption 2 во тридневната продажба, на студиото „Рокстар“ му донесе заработка од 725 милиони долари

Red Dead Redemption 2 во тридневната продажба, на студиото „Рокстар“ му донесе заработка од 725 милиони долари, но сепак во моментов не е познато колку точно примероци од видоиграта се продадени ширум светот.

„Сони“ беше изненаден од интересот и наведе дека RDR 2 е игра која имала најголем број на преднарачани копии и најголема стартна продажба од која било друга игра која досега се појавила за „Плејстејшн“.

Сепак, бројката од 725 милиони не беше доволна за да ја направи играта апсолутен рекордер бидејќи ова достигнување и натаму му припаѓа на претходното остварување на „Рокстар“, популарната ГТА 5, која по објавувањето во 2013 година собра преку милијарда долари во првите три дена.