Актуелно 24.08.2018 09:43

Регулаторна ќе распарава за обесштетувањето на производителите и потрошувачите на струја

Регулаторна ќе распарава за обесштетувањето на производителите и потрошувачите на струја

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ),  денеска ќе одржи подготвителна седница, на која ќе се расправа за оштетените производители и корисници на електрична енергија.

Како што соопшти РКЕ, на подготвителната седница ќе се разгледува Предлог – Правила за определување на надоместок на штета што им е причинета на производителите и потрошувачите  приклучени на системите  за пренос и дистрибуција на електрична енергија.