Додека државата се соочува со огромна економска и здравствена криза во очи на есенскиот корона бран континуирано се трошат пари на граѓаните ненаменски. Имено, објавен е оглас на страната на јавни набавки каде РЕК Битола ќе набавува кафе од пола милион денари.
Инаку, ова не е прв пат РЕК Битола да биде во главните наслови на медиумите. И во минатото РЕК Битола го следеа огромни скандали.
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ посочи РЕК Битола е пералница за пари пред избори. Оттаму обвинија за распишан оглас за изнајмување механизација кој според изјавите на ВМРО – ДПМНЕ од самиот старт бил незаконски.
-Откако јавноста се крена поради големите трошење на РЕК за изнајмување на механизација распишаа оглас, кој од самиот старт беше невалиден и во спротивност со член 141 од Законот за јавни набавки, со што предизвикале состојба која довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори, изјави во мај годинава, Ивица Томовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Томовски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток алармирал дека постапката е спротивна на закон, но од страна на власта немале слух и наместо да ја поништат на време, чекале да поминат неколку месеци.
– Очигледно набавката на механизација никогаш и не била приоритет на власта. Целиот оглас е пуштен со цел да се продолжи периодот на чекање и периодот во кој ќе можат да вртат камионите на Заеви, за сега во период на корона вирус можноста за нов оглас да се пролонгира на неопределено време. Сите факти во случајот водат до заклучокот дека се работи за однапред наштелувана работа. Доколку не е така, немаше тендерот од 19 милиони евра да се прави со почетнички грешки, кои ќе ги воочи и студент во прва година студии на правен или економски факултет. Апелираме до директорите на институциите да не се ставаат во полза на Заеви и да не прават разни комбинации за да и му се допаднат на кланот. Одговорност за секој ќе има. Сите постапки ќе бидат ревидирани и доколку се утврди грешка ќе има и соодветни одговорности, посочи Томовски.