Актуелно 18.02.2020 15:31

Рекетирањето станало семејна забава на Заеви, се знае кој е главниот организатор

Рекетирањето станало семејна забава на Заеви, се знае кој е главниот организатор

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање истакна дека ситуацијата во случајт „Рекет“ е јасна како ден.

-Се знае кој е октоподот, многу јасно се гледа сега главата на октоподот. Јасно што подразбира откопод наречен „Рекет“ во случајов , кој е главата на истиот. За жал го видовме вчера како бара правда во нашата држава. Препоставувам бара нова амнестија трета, четврта која е по ред. Ова рекетирање станало семејна забава, па гледаме не само Зоран Заев туку и неговиот брат се состанувал со еден од тие кои се осомничени и осуден во овој случај. Сигурно не разговарале за романи или било каква поезија, претпоставувам тема на разговорот биле бизнис зделки меѓу кои неминовна тема била случајот „Рекет“, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека на крај сме виделе дека Јанева се среќавала со него.

-Претпоставувам дека тема биле разговори поврзани со случаи во СЈО. Истовремено гледаме како сега веќе осудениот, кој призна вина одел во Владата, а претходно Заев рече дека само еднаш се сретнал со тоа лице кога тој му носел инвеститори. Секој оној обвинител кој сака да обвинува според законите и да го приведе овој случај до крај се знае кој е тука главниот организатор, сценарист на целиот случај наречен „Рекет“, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека обвинителството треба да постапува и доколку вчерашниот марш на СДСМ бил за правда, еве им можност да постапат според словото на законите.

-Вистинските обвинети во случајот да бидат изведени пред лицето на правдата. Јасно е зошто текстот на Законот за ЈО требаше да биде таков каков е. Апелирам до надлежните органи за транспаретна и целосна постапка поврзани со случајот „Рекет“, рече Мицкоски.