Актуелно 27.03.2021 19:42

Рекорден број на починати во последните 24 часа- Ковид-19 коси во Македонија

Рекорден број на починати во последните 24 часа- Ковид-19 коси во Македонија

Повеќе од еден починат на секој час. Нов црн корона рекорд донесе денешниот биланс за последните 24 часа. 35 лица ја загубиле битката со коронавирусот во Македонија, сите биле хоспитализирани.

16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54)
4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г)
3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г)
2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г)

едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г).

Од пријавените, 35 лица сите се починати во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 514 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.