Економија 13.06.2024 08:56

Рекорди на Волстрит, по вестите дека попуштила инфлацијата во САД

Рекорди на Волстрит, по вестите дека попуштила инфлацијата во САД

На Волстрит, индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво во средата, како и Nasdaq, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но американската централна банка ги намали проценките за намалување на каматните стапки оваа година.

Индексот Dow Jones загуби 0,09 отсто, на 38.712 поени, додека S&P 500 зајакна 0,85 отсто, на 5.421 поен, а индексот Nasdaq за 1,53 отсто, на 17.608 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување цените на акциите силно пораснаа, откако беше објавено дека потрошувачките цени во САД во мај се непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво пораснале за 3,3 отсто. Тоа се подобри податоци од очекуваното и укажуваат на благо ублажување на инфлацијата по нејзиното зајакнување на почетокот од годината.

Но, подоцна, берзанските индекси изгубија дел од добивките, бидејќи инвеститорите беа разочарани од пораките на чел мн икот на Fed.
По дводневната седниц, Fed објави дека каматните стапки остануваат непроменети во опсегot од 5,25 до 5,50 отсто, што беше и очекувано.
Сепак, инвеститорите беа разочарани од намалувањето на проценките на каматните стапки годинава. Пред три месецa челниците на Fed процениja дека оваа година би можеле трипати да ги намалат каматните стапки, додека сега очекуваат само едно намалување.

Цените на акциите се зголемуваат со месеци поради шпекулациите дека Fed агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, но тоа очигледно беше преоптимистичко сценарио, бидејќи инфлацијата останува алеку над целта на цнтралната банка од 2 отсто.

Претседателот на Fed Џером Пауел, вчера на прес-конференција рече дека инфлацијата значително се намалила од својот пик, но дека таа сѐ уште е превисока. Тоа малку ги „олади“ инвеститорите во последните часови од вчерашното тргување, па обемот на тргување во текот на денот беше помал од просекот.

„Податоците за инфлацијата беа подобри од очекуваното и поттикнаа оптимизам на почетокот на тргувањето. Но, тоа беше само првиот чин, додека во вториот чин пораките на Fed за каматните стапки беа поостри од очекуваното, со пценки намалени од три на само едно намалување. Очекував дека пазарот ќе ослаби по овие проценки на Fed“, вели Мајкл Џејмс, директор во „Wedbush Securities“.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,83 отсто, на 8.215 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,42 отсто, на 18.630 поени, а париски CAC 0,97 отсто, на 7.864 поени.