Актуелно 30.09.2018 17:58

Рекордно ниска излезност до 17 часот: ДИК со нови официјални резултати

Рекордно ниска излезност до 17 часот: ДИК со нови официјални резултати

Согласно пристигнатите резултати до 17 часот и од вкупно обработените податоци во моментов гласале 450.771 гласачи, односно 28,83 проценти, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Тој додава дека гласањето продолжува, а во меѓувреме во ДИК пристигнале уште неколку приговори и сите беа одбиени.

-Апелирам да продолжи гласањето онака како што се одвива целиот ден, во главно сликата е добра за целиот ден и да не се дозволи да се наруши сликата за овој ден, рече Дерковски.