Економија 30.05.2018 16:39

Рекордно ниска стапка на невработеност во Германија

Рекордно ниска стапка на невработеност во Германија

Стапката на невработеност во Германија во мај падна на 5,2 проценти, што е нова рекордно ниска стапка.

Бројот на невработени падна за 11.000, што е 1.000 повеќе од проекциите, на вкупно 2,358 милиони, соопшти Германското биро за труд. Има околу 800.000 отворени работни места во германската економија, главно во секторите градежништво, транспорт и работници во складишта.