Пратеничката oд СДСМ, Фросина Ременски денеска на седница во Собранието рече дека нема да повикува никого дали да гласа или не, но наведе дека со Договорот е заштитен јазикот, индентитетот, границите.
Таа вели дека нашиот идентитет ќе се менува, ќе бидеме граѓани на ЕУ и на светот.
-Уставот е како една кошула која треба да се адаптира на телото, рече Ременски.
Taa вели дека и во македонското ткиво ако се запрашаме за идентитетот, едни ќе тврдат дека имаат потекло од Александар Македонски, а други вели ќе бидат пред дебата колку сме антички Македонци.
Според неа, не треба да робуваме на историски тези.
Таа вели дека се појавува и историска патетика кога се говори дека друг одлучувал за македонскиот народ.