Американскиот производител на оружје и муниција Ремингтон денеска соопшти дека излегува од постапката на банкрот, откако бил постигнат договор со
доверителите на компанијата. Ремингтон се смета за најстарата американска компанија за огнено оружје. Таа прогласибанкрот поради долгови од 775 милиони долари, кои доверителите се согласија да бидат трансформирани во сопственички капитал во компанијата. Дополнително, седум банки, меѓу кои и Банката на Америка, се согласија да и позајмат на компанијат 193 милиони долари. Се очекува Ремингтон да именува нов борд на директори.