Поранешниот ракометар на Металург, кој кратко го носеше дресот и на македонската ракометна репрезентација, Ренато Вугринец се сврши со поранешната српска манекенка Сања Обрадовиќ.
Словенецот Вугринец на македонската јавност е познат како играч на „Металург“ и македонската ракометна репрезентација, додека Сања е екс сопруга на поранешниот македонски кошаркар Петар (Пеце) Наумовски.
Врската на Ренато и Сања започна пред седум години, кога двајцата решија да ставар крај на своите бракови во кои имаат по три деца. Тие се неразделни откако од една средба во пекара органзииран од нивни пријател се роди љубов, која како што веќе пишуваа медиумите во минтата, била од оние на прв поглед.
Седум години подоцна, ракометарот реши да клекне и да ја побара Сања за жена.