За да не сме изненадени само од цените во регионот кои вртоглаво растат за време на туристичката сезона, има се повеќе вести за начините на кои Италијанците се обидуваат да извлечат максимум од туристите. Последните информации се однесуваат за ресторан во Палермо, Сицилија, каде на гости кои славеле роденден, им било наплатено 20 евра за сечење роденденска торта.
Ресторанот наплатил сечење на 20 парчиња торта која гостите си ја донеле за прославата.
Револтираните гости кои обвинија на социјалните мрежи за ова, велат дека коа ја забележале ставката „20 x servizio torta“ на сметката и заклучиле дека им била наплатена висока цена за услугата за сечење на тортата за сите 20 парчиња, едноставно биле изненадени. Тие се огласија на социјалните мрежи и го споделија профилот што го предизвика нивниот гнев, пишува Јутрањи лист.
По се повеќе вести за дополнителни трошоци за Италијанците кои се борат со скок на цените на супермаркетите ова лето, акцијата на ресторанот предизвика дебата за превисоките цени во рестораните ширум земјата.
Ова не е изолиран инцидент. Неодамна јавноста ја брауваше информација во која на една мајка, која сакала на својата ќерка да и даде од нејзината храна за да ја проба, и било наплатено за празна чинија која ја побарала за да стави од нејзината храна. Сопственичката на ресторанот тогаш изјави дека таксата е оправдана бидејќи повеќе чинии за перење значи повеќе работа.
Една пицерија во северниот дел на Пиемонт еднаш на туристи им наплатил 1,50 евра затоа што побарале дополнителна лажица за да го поделат каталонскиот крем што го нарачал за десерт. Едно кафуле на езерото Комо наплатило 2 евра за да го преполови жешкиот сендвич, тврдејќи дека тоа е мачна работа која бара две салфетки, две чинии и две раце за да се пренесе сендвичот на масата. Секоја дополнителна задача има своја цена, им објасни на новинарите сопственикот на тој ресторан.