Финансии 10.07.2024 07:25

Ревизорите со критички оценки и прогнози за јавниот долг

Ревизорите со критички оценки и прогнози за јавниот долг

2,87 милијарди евра или половина годишен буџет треба да врати земјава во следните три години, за да го отплати долгот од земените четири еврообврзници. Од овие пари, речиси половина милијарда се камати.

И покрај ова, јавниот долг засега е одржлив, но во таканаречено основно сценарио, односно без непредвидени и вонредни состојби. Поради ова, државните ревизори и препорачуваат на Владата да внимава на долгот, оти за враќање на еврообврзниците на земјава ќе и требаат повеќе пари. Ревизорскиот извештај за управување со јавниот долг нотира дека Владата нецелосно ги прикажува приходите и расходите во буџетот, што доведува до намалена транспарентност.

– Приливите од издадените 12 месечни државни записи во Буџетот на Република Северна Македонија, не се презентирани како приходи од задолжување со издавање на краткорочни државни записи и одливите како расходи за отплатите на главнина за внатрешен долг, кои се за рефинасирање на долгот. Овие плаќања се за обврски прикажани како јавен долг (главнина) и за камати кои не се прикажани како обврска.

Според Министерството за финансии, јавниот долг на земјава е нешто над 58%, но според Државниот завод за статистика тој изнесува 62 отсто од бруто домашниот производ. (тука крај на графика 2) Иако долгот не го надминува законскиот праг, ревизорите предупредуваат дека треба внимателно да се раководи со јавните пари.

– Иако се уште не се надминати фискалните правила утврдени со Законот за буџети, сегашното ниво на јавниот долг бара во иднина претпазливо управување со јавните финансии, преку одржливо ниво на јавен долг и фискална политика со соодветно ниво на буџетски дефицит.

И покрај се, ревизорите како поволни ги оценуваат (стави го пак графика 1) каматите за еврообврзниците кои претходната Влада ги зема во екот на ковид пандемијата, економската и енергетската криза, за чии стапки оценува дека биле пониски од пазарните во тој момент (тука крај на графика 1). Досегашната практика на речиси сите Влади беше ново задолжување, за да се врати стариот кредит. Само што формира Влада, премиерот Христијан Мицкоски најави кредит од 1 милијарда евра од странска влада, со поволни услови, но јавноста до денес не слушна ниту за условите, ниту за тоа на што ќе се потрошат овие пари.