Американскиот режисер Џејмс Камерон добро знае што е вештачка интелигенција. На крајот на краиштата, поради него, милиони луѓе ширум светот, кога ќе помислат на роботи, во главата го гледаат – Терминаторот.
Затоа, во разговор со Фарид Закари од Си-Ен-Ен, тој не можеше да го избегне прашањето за вештачката интелигенција.
-Би рекол дека тоа повеќе ме плаши отколку што ме возбудува во моментов. Досега користевме неколку алатки напојувани со вештачка интелигенција, но за многу специфични работи за време на снимањето на Аватар. Првенствено за забрзување на работата и зголемување на точноста на пренесување на изразите на лицето на актерите во анимација. Сакавме да бидеме што е можно попрецизни. Но, насоката во која се движат работите навистина ги храни нашите општествени стравови дека – не можеме да веруваме во она што го гледаме. Особено со длабоки фејкови и чет-ботови, нема да можеме да им веруваме на нашите извори на информации и ќе станува се потешко и потешко како што ќе одат работите. Ќе видите видео кое е многу убедливо, но нема да бидете сигурни дали е реално. Ќе дојдеме до точка дека ако всушност не сте физички присутни некаде, како да знаете дека нешто е реално? Се јавува феномен на логична криза.
Сократ рече дека сме во длабока пештера и ја гледаме само сенката на она што е реално. Мислам дека тоа е насоката по која одиме. Нема да бидеме сигурни дека она што го гледаме е точно, според Камерон.
На прашањето колку е реално сценариото од неговиот хит „Терминатор“, во кој вештачката интелигенција ја презема контролата врз човештвото благодарение на употребата на нуклеарно оружје, Камерон не гледа таков развој на настаните.
Мислам дека генеративната вештачка интелигенција не би морала да користи нуклеарно оружје, бидејќи електромагнетниот пулс исто така би избришал дел од неговото постоење. Мислам дека треба да го прави токму тоа што го прави сега – да не направи зависни од нашите уреди, според Камерон.
Тој додава дека, според него, тоа е како предавање на клучевите на технодиктатура или авторитарен режим кој би го водел компјутер за свои интереси.
Токму тоа го гледам како нова трка во вооружување – првиот што ќе постигне таква суперинтелигенција ќе има светска доминација, објаснува Камерон.
Тој посочува дека од позицијата на која е моментално и според него е многу тешко да се каже дека вакво нешто веќе не се случува.
Ништо што се случува нема смисла за мене. Како можеме да знаеме дека не манипулираме со некоја вештачка интелигенција која веќе е развиена и за која не ни знаеме дека постои?, праша Камерон.
Но, кога ќе ги остави настрана овие потенцијално негативни аспекти на вештачката интелигенција, Камерон е убеден дека општата вештачка интелигенција може да донесе многу добро за човештвото.
Мислам дека општата вештачка интелигенција може да направи многу работи што ние не можеме. Мене повеќе ме интересира примената на обичната вештачка интелигенција.
Сè што направивме досега, целата трансформативна технологија е претворена во некој вид оружје. Од нуклеарната енергија наваму… А вештачката интелигенција е уште помоќна. Сè додека користиме вештачка интелигенција како посебни специјализирани алатки, можеме да се потпреме на неа. Но, во моментот кога ќе стане еден систем, на кој без прашање се потпираме, ќе стане како нова религија, заклучил Камерон на крајот од разговорот.